Top Sport

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата во средно-тешка категорија во неговиот домашен град Чељабинск.

Судијата го прекина мечот во 11. откако „искршениот“ Јарди беше пратен на подот со удар со левицата за Русинот првпат да ја одбрани титулата во домашната „Трактор“ арена, која инаку се користи за хокеј на мраз.

Веднаш по мечот, Русинот со прекар „Крашер“ побара дуел со мексиканската мега-ѕвезда Саул „Канело“ Алварез.

„Сакам дуел со Канело и ако неговите луѓе навистина го мислат тоа што го зборат, веднаш ќе организираме меч. Би сакал и тој да се случи во Чељабинск, но немам проблем да го истепам каде и да е“, изјави Ковалев.

Scroll to Top