Карим Бензема (пре)често е на удар на критиките на навивачите на Реал Мадрид, посебно последните две-три сезони, но неговиот француски сонародник и поранешен тренер, Зинедин Зидан има само пофални зборови за „најнесебичниот“ напаѓач на светот.
Бензема во 2016/17 постигна само 11 голови во Ла лига, откако една сезона претходно имаше дури 24, а во 2017/18 имаше само пет лигашки голови. Сепак, Зидан веруваше во него и му даде 25 старта во 32 меча во Ла лига, а Бензема беше стрелец и во 3:1 победата над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.
Оваа сезона, без Кристијано Роналдо во тимот, Бензема има четири гола во првите три мечеви од Ла лига, и Зидан вели дека присуството на Бензема секогаш било „добредојдено“.
„Карим беше важен за балансот на мојот тим и начинот на кој сакав да напаѓаме. Тој помогна во нашата игра на поседн а топката и секогаш беше достапен за мене. Вистински тимски играч“, објасни Зидан.