Зинедин Зидан вели дека неговиот играч Карим Бензема е најдобрата „деветка“ на светот, откако Французинот постигна хет-трик за 3:0 победа над Атлетик Билбао во неделата.
Бензема е еден од ретките фудбалери на Реал кој може да се пофали со одлична сезона, откако веќе има 30 голови во сите натпреварување и дури 21 во Ла лига.
„Тоа што го направи во Мадрид последните 10 години значи многу за клубот. За мене, тој е најдобриот напаѓач на светот, но дозволувам другите да не се согласуваат“, вели Зидан.
Бензема оваа сезона е подобар од Роналдо! Хет-трик за победа над Билбао (видео)