Top Sport

Зидан доаѓа на клупата на Јувентус?

Јувентус беше шокантно поразен од Бенфика со 1:2 на својот стадион во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Иако „бјанконерите“ водеа, на крајот останаа со празни раце, а медиумите во Италија веќе најавуваат замена за Масимилијано Алегри, кој е пред отказ од Јувентус.

Нов тренер на „старата дама“ треба да биде Зинедин Зидан, легендата на Јувентус и поранешен играч и тренер на Реал Мадрид. Човекот кој три пати по ред го освојуваше трофејот во ЛШ со „кралскиот клуб“ би можел да седне на клупата на Јувентус веќе за време на репрезентативната пауза.

Scroll to Top