Top Sport

Анчелоти стигна до јубилеен успех во ЛШ

Реал Мадрид одлично ја започна новата сезона. Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите и Ла Лига има максимален ефект. „Кралевите“ ја продолжија победничката серија синоќа во второто коло од елитното европско натпреварување, победувајќи го Лајпциг со 2:0.

Тренерот Карло Анчелоти на тој начин стигна до својата стота победа во натпреварите од Лигата на шампионите и со тоа стигна до втората позиција на листата на најуспешни стратези. Првото место го држи Сер Алекс Фергусон, легендарниот шкотски стручњак до кого го делат има уште две победи.

Следен натпревар на Реал Мадрид е градското дерби со Атлетико во Ла Лига пред репрезентативната пауза, а потоа следуваат два натпревари со Шахтјор. Можеби Анчелоти ќе го „симне“ Ферги од врвот веќе во групната фаза од Лигата на шампионите.

Scroll to Top