Top Sport

Зидан: Герет Бејл не е „жртвено јагне“ во Реал

Зинедин Зидан инсистира дека одговорноста ја делат сите во Реал Мадрид и не се согласува дека Герет Бејл е „жртвено јагне“ во тимот, откако не успеаја да го продадат во текот на летото и сега тој мора да се потпре на него.

Бејл неодамна изјави дека чувствува дека секогаш кога работите ќе тргнат наопаку, само тој е виновен и тоа не е фер, но Зидан не се согласува.

„Сите сме одговорни за работите кои ги правиме, за добрите и за лошите работи. Сите сме во ист брод и тоа нема да се смени. За мене Бејл секогаш бил фудбалер со исклучителен квалитет. Сите знаат што се случуваше во текот на летото, но тој сега е со нас и е среќен. Клубот е задоволен, навивачите се задоволни, тој е задоволен. Одиме напред“, вели Зидан.

Scroll to Top