Top Sport

Одбојкарите со (премногу) убедлив пораз од Турција

одбМакедонската одбојкарска репрезентација и во вториот меч на Европското првенство го доживеа вториот пораз, откако неочекувано лесно, Турција ги казни нашите грешки  и не совлада со 3:0 (25:20, 25:23, 25:13).

Слабиот старт на мечот го искористија турските одбојкари да го освојат првиот сет, а во вториот ние пропуштивме неколку пати водство за да дозволиме тие да го добијат со 25:23, пред „колапсот“ на играта во последниот сет за убедлива победа на Турците.

За прва победа на шампионатот ќе почекаме, а следната шанса ќе ја имаме утре против еден од фаворитите за златен медал, Русија, повторно во 17.30 часот.

Во другите мечеви на шампионатот, Србија започна фуриозно со убедлива 3:0 (25:21, 25:17, 25:15) победа над европскиот вице-шампион Германија во меч во кој само во првиот сет Германците дадоа отпор. Уште едни фаворити, Бугарија, стигнаа и до вториот триумф на шампионатот, овојпат со 3:0 (28:26, 25:20, 25:20) победа над Романија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

ГРУПА А

Бугарија – Романија 3:0 (28:26, 25:20, 25:20)

Италија – Грција 20.30 ч.

Табела: 1.Бугарија 6, 2.Франција 3, 3.Италија 3, 4.Грција 0, 5.Португалија 0, 6.Романија 0

ГРУПА Б

Србија – Германија 3:0 (25:21, 25:17, 25:15)

Словачка – Шпанија

Белгија – Австрија 20.30 ч.

Табела: 1.Србија 3, 2.Словачка 0, 3.Белгија 0, 4.Шпанија 0, 5.Австрија, 6.Германија

ГРУПА Ц

Македонија – Турција 0:3 (20:25, 23:25, 13:25)

Белорусија – Русија 20.30 ч.

Табела: 1.Словенија 3, 2.Русија 3, 3.Финска 3, 4.Турција 3, 5.Белорусија 0, 6.Македонија 0

ГРУПА Д

Чешка – Украина 1:3 (21:25, 19:25, 25:19, 22:25)

Естонија – Полска (22:25, 27:25, 22:25,

Холандија – Црна Гора 20.00 ч.

Табела: 1.Украина 3, 2.Полска 0, 3.Холандија 0, 4.Естонија 0, 5.Црна Гора 0, 6.Чешка 0

Фото: ЦЕВ

Scroll to Top