Top Sport

Зидан го одбил Деле Али поради коментарите во 2017?

Зинедин Зидан и Реал Мадрид ја отфрлиле можноста да го добијат англискиот репрезентативец Деле Али на едногодишна позајмица од Тотенхем, како дел од зделката за Герет Бејл, бидејќи Французинот не му ги заборавил коментарите на Али од 2017 година, тврди шпанскиот „АС“.

Бидејќи Бејл ќе пристигне на позајмица, а Серхио Регуилон на постојан трансфер, Тотенхем го понудиле Али како дел од зделката, но Зидан бил против тоа по изјавата на Али дека „морал да постигне хет-трик“ при 3:1 победата на Тотенхем над „кралевите“ во ЛШ во 2017 година. Али постигна два гола во мечот од групната фаза на „Вембли“ по што изјави.

„Разочаран сум што не стигнав до хет-трик, бидејќи имав една лесна шанса по одличната топка од Трипиер“, изјавил Али по мечот.

Според „АС“, Зидан сметал дека коментарите се навредувачки, бидејќи еден од головите бил постигнат од сомнителна офсајд ситуација, а вториот бил од одбиена топка.

Scroll to Top