Top Sport

Зидан и Реал губат трпение – „Сега или никогаш“ за Пол Погба

Зинедин Зидан јасно му порачал на Пол Погба дека тој мора самиот да побара трансфер од Манчестер јунајтед, бидејќи времето истекува, тврди британскиот „Сан“.

Според британскиот таблоид, Зидан му посочил на својот француски сонародник дека е „сега или никогаш“, бидејќи во моментов се прават одлуките за изградба на Манчестер јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер, кој не е убеден дека Погба треба да биде во новиот состав за 2019/20.

Проблем во оваа „зделка“ може да направи извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард, кој очигледно не сака 26-годишниот Погба да замине. Тој верува дека со продажба на Погба ќе се наруши имиџот на клубот по кошмарниот финиш на сезоната по кој Јунајтед нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.

Според Вудвард, статусот на Јунајтед како еден од најголемите клубови на светот ќе биде нарушен ако ја пуштат својата прва ѕвезда. Солскјер прво изјави дека сака да го гради тимот околу Французинот, но откако подобро се запозна со него, смета дека нема да му недостасува многу во тимот и не сака да има фудбалер кој не сака да биде таму.

Како и да е, ќе има интересно лето на „Олд Трафорд“, но и на „Бернабеу“.

Scroll to Top