Top Sport

Зидан: Имаме премногу повредени играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, бил „вознемирен“ поради повредите со кои се соочуваат неговите играчи. Последен се повреди Ферлан Менди, тој ќе ги пропушти натпреварите со Осасуна и Атлетико.

Од почетокот на подготовките Зидан се соочува со сериозни проблеми. Марко Асенсио се повреди и за него сезоната е завршена, а на листата на повредени од август до сега биле Бејл, Азар, Брахим Дијаз, Крос, два пати Менди, Модриќ, Марсело…

„Што да ви кажам. Тоа ми пречи, не сакам да имам повредени играчи, но тоа е дел од фудбалот. Ние се грижиме за нив, имаме добар стручен тим, но некогаш ниту тоа не е доволно. Се надевам дека повредите нема да ни предизвикаат некој посериозен проблем“, рекол Зидан.

Згуснатиот календар според него е една од причините за честите повреди кај фудбалерите.

„Играчите речиси и да немаат време за одмор. Играат за репрезентациите, кога ќе се врата во клубовите веднаш играат, а потоа повторно ќе дојдат натпревари на репрезентативно ниво. И да тоа ме нервира и ме секира. Напортно работевме во претсезоната и не сме само ние тим што има проблеми

Реал вечерва играат против Осасуна, а в сабота против Атлетико.

Scroll to Top