Top Sport

Ѓоковиќ ќе игра во Токио

Новак Ѓоковиќ потврдил дека ќе настапи на турнирот во Токио. Српскиот тенисер се чувствувал добро по повредата на рамото поради која му го предаде осмина-финалето на ју-Ес опен на Стен Вавринка.

Ѓоковиќ вообичаено во овој период од годината игра на турнирот во Пекинг, но оради Олимписките игри во Токио наредната година тој решил да настапи во главниот град на Јапонија.

„Во минатото имав многу успеси во Пекинг. Немаше никакви причини да ги менувам плановите, но се решив да играм во Токио поради ОИ, сакам да ги почувствувам теренот, условите, градот…Со еден збор сакам да се подготвам за еден од најважните спортски настани во овој период од мојата кариера“, рекол Ѓоковиќ пред два месеци кога во вметнал во распоредот турнирот во Токио.

АТП турнирот во Токио ќе започне на 30 септември.

Scroll to Top