Кристијано Роналдо заслужува повеќе почит, вели неговиот тренер Зинедин Зидан, кој очекува ѕвездата на Реал Мадрид да има фантастична втора половина од сезоната.
Роналдо има само два гола во 10 лигашки натпревари и шпанските медиуми „нормално“ зборуваат за криза, посебно по 0:0 ремито со Атлетик Билбао во саботата, по кое Реал остана на осум поени зад лидерите Барселона.
Се очекува 32-годишниот Португалец да ја освои „Златната топка“ во четврток за одбраната на титулата во Лигата на шампиони минатата сезона, кога постигна хет-трик против Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, и два гола во 4:1 победата над Јувентус во финалето. Ако ја освои наградата, тогаш Роналдо ќе го израмни рекордот на Лео Меси со пет „Златни топки“.
„Кристијано заслужува многу повеќе почит бидејќи е голем играч и кога работите не одат добро за него, сите имаат по нешто да кажат. Клубот и фановите кои го сакаат Кристијано знаат што прави тој. Лани беше феноменален, а сега сме само на половина од сезоната и тој има шест месеци да покаже што умее“, вели Зидан на прес-конференцијата пред дуелот од ЛШ во среда против Борусија Дортмунд.
Зидан исто така имаше што да каже за ривалството Роналдо-Меси, објаснувајќи дека така двајцата само стануваат подобри.
„Ако ги погледнеме статистиките, тие се неверојатни. Изненадувачки е што постигнуваат толку многу голови. Едниот го прави другиот подобар и обратно. Мислам дека тоа ќе продолжи уште некое време“, додава Зидан.