Зиндеин Зидан, поранешниот стратег на Реал Мадрид, потврдил дека многу бргу ќе и се врати на тренерската работа. Зидан е без ангажман од завршувањето на минатата сезона, кога поднесе оставка на тренерската позиција во Реал.
„Сигурно е да могу бргу повторно ќе бидам тренер, тоа е она што сакам да го работам. Цел живот се занимавам со фудбалот“, рекол Зидан за „ТВЕ“.
Со оваа своја изјава Зидан само ги подгреа шпекулациите дека би можел да го наследи Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, доколку Португалецот добие отказ.
Наводно, доколку го наследи Мурињо, Зидан сакал да ги донесе на „Олд Трафорд“ Тони Крос, Хамес Родригез, Тијаго Алкантара и Единсон Кавани.
Популарниот Зизу, кариерата ја започна во вториот тим на Реал во 2014 година, а за прв тренер беше именуван на почетокот на 2016 година, кога Реал му врачи отказ на Рафа Бенитез.
Зидан потоа со Реал освои три титули во низа во Лигата на шампионите, една во шпанското првенство и две на Светското клупско првенство.