Зинедин Зидан вели дека воопшто не е загрижен откако Реал Мадрид загуби со 1:0 од Мајорка, со што се стави крај на победничкиот старт на шампионатот.
Со многу променет состав на Балеарските Острови, за да се штеди тимот за дуелите од Лигата на шампионите, Реал не успеа да направи многу шанси и сега му го препушти првото место на Барселона.
„Проблемот е тоа што секои три дена мораме да покажеме колку сме добри и не го правиме тоа. Но, не би кажал дека сум загрижен, бидејќи не ми се допаѓа тој збор. Ако сакаме да освоиме нешто оваа сезона, потребна е малку поголема постојаност“, вели Зидан.
Мадрид беа без повредените Тони Корис, Лука Модриќ, Герет Бејл и Лукас Васкез, додека во нападот Лука Јовиќ не успеа да импресионира под 4-4-2 тактиката.
„Повредите не се изговор. Има фудбалери кои не се повредени и кои треба да покажат дека се на вистинско ниво. Не треба да сме изненадени од тоа што некој тим игра добро на својот стадион. Сите сме професионалци и треба да го знаеме тоа“, додава Зидан.