Top Sport

Лилард се израмни со Дрекслер, Блејзерс ги „здробија“ Вориорс

Демијан Лилард се приклучи на легендарниот Клајд Дрекслер како единствен кошаркар на Портланд трејлблејзерс со 15.000 поени за клубот, завршувајќи со 34 поени за Портланд да им го расипе првиот домашен меч на Голден Стејт вориорс со убедлива 123:98 победа.

Си Џеј Меккалам додаде 28 поени за Портланд, постигнувајќи 4 од своите 5 тројки на стартот на мечот, за да стане вториот кошаркар во историјата со 25 или повеќе тројки во првите пет меча од сезоната.

Од друга страна, за Вориорс, Стеф кари имаше само 4-од-12 за тројки за 26 поени, 8 скока и 5 асистенции во првиот домашен меч за Голден Стејт по 297 дена, но и трет драстичен пораз по тие кај Бруклин и Милвоки.

Лошо им одеше и на Денвер нагетс, кои го забележија четвртиот пораз оваа сезона, овојпат со 106:103 од Феникс санс. Никола Јокиќ имаше добар меч со 17 поени, 11 асистенции и 9 скокови, но тоа не беше доволно за втора победа на тимот оваа сезона.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Мемфис 93:108

Далас – Мајами 93:83

Детроит – Бостон 96:93

Бруклин – Атланта 96:114

Милвоки – Чикаго 126:96

Минесота – Вашингтон 109:130

Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 103:109

Денвер – Феникс 103:106

Јута – Л.А. Клиперс 106:100

Голден стејт – Портланд 98:123

Scroll to Top