Top Sport

Металург загуби, но влезе во групната фаза на Европската лига на ЕХФ

Металург ќе биде првиот македонски клуб кој ќе настапи во групната фаза на новото натпреварување на ЕХФ, Лига Европа и покрај тоа што загуби на вториот меч со швајцарскиот Кринс со 22:21 (12:11).

Во првиот меч во Скопје, Металург славеше со 26:24 и затоа ќе биде дел од второто по ранг натпреварување на ЕХФ во новата сезона.

Металург е вториот тим кој обезбеди пласман во групната фаза, откако хрватскиот Нексе со 29:24 го победи шпанскиот Бидасоа Ирун за да ја надополни негативата од 30:27 од првиот меч.

Фото: РК Металург

Scroll to Top