Реал Мадрид вчера со 3:1 го победи Еибар во својот прв натпревар по паузата поради коронавирусот. Реал прашањето на победникот го реши за 37 минути кога со головите на Крос, Рамос и Марсело.
И покрај победата тренерот Зинедин Зидан не бил задоволен од изданието на неговите фудбалери.
„Не знам, ова е нешто ново, досега невидено, мораме да се навикнеме на ова. Не бевме добри во второто полувреме. Не знам дали проблем е нашата физичка подготвеност или во некој друг елемент, но не беше добро. Во првиот дел бевме добри, убедливи. Освоивме три важни поени, останаа уште десет натпревари“, рекол Зидан.
Тренерот на Реал веќе во 61 минута изврши четири од петте можни замени, веројатно поради тоа што не бил задоволен од играта на некои фудбалери.
„Можеби второто полувреме беше такво бидејќи во првото одигравме одлично, се опуштивме. Морав да правам измени. Карвахал го повреди глуждот, Рамос имаше некои мали проблеми, а Еден долго време не играше. Сепак не верувам дека тоа беа измените што го решија мечот“, заклучил Зидан.