Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, бил задоволен по победата над Севилја во Ла Лига. Според него заслугите за победата одат кај сите играчи.
Реал, иако не импресионира, ги користи киксовите на ривалите и по пет кола е на лидерската позиција заедно со Атлетико Билбао. Двата тима имаат по 11 бода.
„Презадоволен сум како одигравме. Во текот на целиот меч го контролиравме ритамот против исклучително тешкиот противник. Игравме сигурно во одбраната, се боревме цело време. Ова е вистинска тимска победа“, рекол Зидан.
Францускиот тренер дополнил дека мечот со Севилја бил најдобар што го одиграл Реал од неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“.