Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан сака неговите синови да израснат во квалитетни луѓе. Зидан има четворица синови, највозрасниот Енцо има 24 години, Лука е три години помлад, Тео има 17, а најмладиот Елијас 14 години.
„Тие немаа живот каков што имаат други деца. Се плашам да не станат идиоти. Не сакам богатството и сѐ она што мене ме опкружува нив да ги однесе на работа на бездната. Сакам да станат добри луѓе“, истакнал Зидан во истоимената книга напишана од францускиот новинар, Фредерик Ермел.
Во книгата која премиерата во Шпанија ќе ја има на 28 април, Зидан го коментирал и односот што го има со играчите во својот тим.
„Нема да се однесувам поинаку поради тоа што сме оствариле три или четири лоши резултати, или поради тоа што минуваме низ тешка фаза. Секогаш ќе ги бранам своите играчи. Верувам во нив. Не сум од оние што секогаш ги обвинува играчите и зборува: „Вината е твоја поради тоа и тоа“ . Сите сме во истиот чамец“.