Иако влегуваше постојано во конфликт со Герет Бејл, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека Велшанецот бил „спектакуларен“ за кралскиот клуб, пред најавениот трансфер во Тотенхем.
Бејл ќе се врати кај Спарси седум години откако замина на „Бернабеу“, каде што постигна 105 гола во 251 меч и освои четири титули од Лигата на шампионите. Минатата сезона тој одигра само 16 меча по конфликтот со Зидан, и беше на насловните по своето скандалозно однесување на клупата на Реал. Во саботата, сепак, Зидан имаше само убави зборови за Велшанецот.
„Не сум зборувам со Бејл, но знам што направи за овој тим. Беше спектакуларен за Реал, никој не може да каже нешто спротивно. Има преговори. Ако направи трансфер, ќе му посакаме најдобро. Никогаш не сум имал проблеми со Герет“, вели Зидан, одговарајќи на шпекулациите дека четири години е во конфликт со Бејл.