Top Sport

Зидан верува во тимот што го има – Реал нема да купува нови играчи

Зинедин Зидан не открива дали Реал Мадрид ќе се активира во јануарскиот преоден рок и дали клубот ќе купува во летниот преоден рок. Во пресрет на натпреварот со Алвес тој одговорил на ова прашање.

„Промени во ростерот во јануари или на лето? Знам дека не можеме да застанеме. Сите играчи треба секогаш да бидат клучни. Сега го имаме овој тим и така треба да живееме до крајот на сезоната. Не би требало ништо да менуваме“, рекол Зидан.

„За јануарскиот преоден рок има доволно време. Не би сакал да зборувам за тоа“.

Реал, вечерва од 21 часот, во Ла Лига ќе го пречека Алавес.

Scroll to Top