Top Sport

Зидан во одбрана на Бразилецот: Марсело е Марсело

Зинедин Зидан со две победи се врати на клупата на Реал, а синоќа на „Масталја“ Валенсија ги врати во реалноста сите во „кралскиот клуб“.

Валенсија победи 2:1, а Реал ги покажа слабостите толку карактеристични во неговата игра оваа сезона. Еден од оние што доби најмногу критики по мечот беше левиот бек Марсело. Бразилецот по враќањето на Зинедин Зидан се врати во тимот, откако кај Сантијаго Солари речиси и да не играше.

„Марсело е Марсело“, рекол Зидан кога го прашале за играта на Бразилецот и дополнил.

„Ми се допаѓа начинот на кој што игра, тој се наоѓа во добра форма. Тренира добро, но знаете дека оваа ситуација е компликувана не само за него туку за сите нас“.

„Мислам дека игравме добро, но не можевме да стигнеме до голот. Ништо не направивме во првото полувреме, се обидовме, не ни одеше. Не се виновни играчите. Ова е пораз што мораме да го прифатиме“, завршил тренерот на Реал.

Scroll to Top