Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, истакнал дека не знае каква ќе биде судбината на Герет Бејл. Велшанецот не беше во протоколот за вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад. Тимот на Зидан беше поразен во Сан Себастијан 3:1.
Зидан се држи по страна од препукувањето преку медиумите со менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет. Барнет неодамна изјави дека не било фер што Бејл не играч повеќе.
„Подготвен е“, одговорил Зидан на прашањето дали напаѓачот е здрав.
„Не знам дали ќе игра против Бетис, ќе видиме. Мислам дека на сите ви е јасно што направив овој викенд. Не чека уште еден натпревар и потоа ќе видиме што ќе се случува наредната сезона“.
Ресл Мадрид, сезоната во која имаат 17 порази, ќе ја завршат против Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.