Top Sport

Англичаните казнети со еден меч без публика по хаосот на финалето на ЕУРО 2020

Англија доби казна од еден меч без публика од страна на УЕФА, по хаосот на „Вембли“ за време на финалето на ЕУРО 2020, кое го загубија од Италија.

Над 5.000 навивачи без билети успеаја да влезат на стадионот, и УЕФА одреди дека имало „неефективна безбедносна операција“ од страна на организаторите на 11 јули. Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) е казнета со два меча без публика, од кои вториот е условен, а исто така ќе треба да платат казна од 100.000 евра.

Scroll to Top