Top Sport

Зијеш се врати за Мароко и постигна гол од пола терен!

Хаким Зијеш беше „замрзнат“ во мароканската репрезентација под Вахид Халилхоџиќ, но по одлуката на федерацијата да го отпушти босанскиот тренер, тој се врати во националниот дрес и покажа колку вреди.

Зијеш, кој имаше мала минутажа за Челси оваа сезона, на пријателскиот меч со Грузија, постигна фантастичен гол од половина терен за да ги предводи до 3:0 победа. Мароко го отвара Светското првенство против Хрватска, a во нивната група се и Канада и Белгија.

Scroll to Top