Германскиот репрезентативец Никлас Зиле ќе замине од Баерн Минхен кога ќе заврши неговиот договор на крајот на сезоната и ќе потпише за Борусија Дортмунд, отфрлајќи ги шансите да се пресели во Премиерлигата каде што беа заинтересирани Челси и Њукасл.
26-годишниот централен бек реши да не го продолжи договорот со Баварците, каде што е од 2017 година, и потпиша четиригодишен договор со БВБ. Спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк беше презадоволен од договореното.
„Пресреќни сме што можеме да потпишеме договор со германски репрезентативец на четири години. Тој беше заинтересиран за клубот, има огромно искуство и доволно квалитет да го крене тимот“, изјави Цорк.
Зиле, кој има 37 настапи за Германија, имаше 159 настапи за Баерн, освојувајќи четири титули од Бундеслигата, два од ДФБ купот, како и титулата од Лигата на шампионите во 2019/20.
Borussia Dortmund has signed Niklas Süle for the 2022/23 season ✍️ pic.twitter.com/WC7EeffRXj
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) February 7, 2022