Top Sport

Зинченко потпиша за Арсенал

Англискиот премиерлигаш Арсенал го објави трансферот на Олександр Зинченко, украинскиот репрезентативец кој доаѓа од редовите на Манчестер Сити. Тој потпиша четиригодишен договор, а „топчиите“ на актуелниот шампион му исплатија 30 милиони фунти.

Зинченко доаѓа на „Емирати“ по поголема минутажа откако минатата сезона одигра само 15 натпревари во Премиерлигата во дресот на Манчестер Сити.

Украинецот од 2016 година беше дел од „граѓаните“, но притоа беше и на позајмица во ПСВ.

Scroll to Top