Top Sport

Марсело: Нејмар е подобар играч од Азар

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, се обидува да го убеди сонародникот Нејмар да му се приклучи на Реал. Тој кажал дека доаѓањето на Еден Азар не би требало да претставува пречка за трансферот на Нејмар.

Нејмар кажа дека сака да замине од ПСЖ. Иако тој самиот посакува да се врати во Барселона, изминатите денови се шпекулира дека интерес за него има кај Реал и Јувентус.

„Еден е врвен играч. Има висок квалитет исто како и Нејмар, двајцата се меѓу петмината најдобри во светот. Азар е импресивен. Тешко е да се направи споредба помеѓу него и Нејмар, но за мене Нејмар е подобар играч“изјавил за „Марка“, Марсело.

Scroll to Top