Top Sport

Фудбалерите во Бундеслигата ќе играат со маски?

Фудбалските ѕвезди од Бундеслигата можеби ќе треба да играат со маски при враќањето на фудбалот на стадионите во Германија и во случај тие да им испаднат ќе следи прекин, јавува „Шпигел“.

Весникот дојде до документи од Министерството за работа на Германија, во кои се вели дека фудбалерите и судиите ќе мораат да носат „прикладна за спорт заштита за устата и носот“. Во извештајот се тврди дека на фудбалерите ќе им биде наредено да не ги допираат маските со раце во текот на мечевите и да внимаваат тие да не испаднат при спринтови, удари со глава и дуели.

Мечевите би биле прекинувани секои 15 минути за да се заменат маските, а судиите би имале опција да спречат било какви непотребни контакти, како гушкање по постигнат гол или детална борба за топка.

Бундеслигата треба да се врати на терените на 9 мај, објави неодамна шефот на Бундеслигата, Кристијан Зајферт.

Scroll to Top