Златан Ибрахимовиќ се движи низ улиците на Милано во стил, откако беше забележан зад воланот на роденденскиот подарок кој самиот си го подари за својот 40. роденде – Ферари СФ90 Страдале.
Автомобилот вреден над 500.000 евра и е прв обид на Ферари да направи хибридно-електричен автомобил, иако брзината е над 250 км/ч. Од луксузниот автомобил на пазарот има само 499 автомобили, и е продолжување на неговата роденденска традиција да си купува скап подарок, како и за својот 38. и 39. роденден. Пред две години тој си купи Ферари Монца СП2, еден супер-редок автомобил за кој даде фантастични 1.5 милиони евра., додека лани се почести со Порше 911 Тарга 4С.
Покрај тоа во неговата колекција има и Ламборгини Урус, Ферари Енцо, Ауди С8, Ламборгини Галардо и Масерати Гран Туризмо.