Top Sport

Златан ќе биде посебен гостин на музичкиот фестивал Санремо

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е потврден како специјален гостин на петте вечери на престижниот музички фестивал Санремо во март.

Водителот на фестивалот, Амадеус, потврди дека Ибрахимовиќ ќе има посебна улога секоја вечер од 2 до 6 март на музичкиот фестивал кој секогаш привлекува огромно внимание во Италија, како поради музиката, така поради гостите. Милан, за среќа, нема планирано мечеви во тие денови.

Претходно посебни гости на фестивалот биле и Роберто Баџо, Франческо Тоти, Антонио Касано, девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, но и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

Scroll to Top