Top Sport

Златан на операција, му следува пауза од осум месеци!

Златан Ибрахимовиќ бил на артоскопска операција на коленото и го очекува пауза од седум-осум месеци, потврдија италијанските шампиони Милан, уште повеќе зголемувајќи ги шпекулациите дека 40-годишниот ветеран ќе се повлече од фудбалот.

Швеѓанецот, кој минатиот викенд помогна Милан по 11 години „суша“ да го освои трофејот од Серија А, има договор со „росонерите“ до 1 јули.

„Златан Ибрахимовиќ беше на операција на левото колено кај докторот Бертран Сонери-Коте во болницата ‘Жан Мермо’ во Лион. Операцијата беше планирана подолго време за дефинитивно да се реши нестабилноста на зглобот преку реконструкција на лигаментите. Операцијата беше целосно успешна и прогнозата е за 7-8 месеци“, велат од Милан.

И покрај ова, дел од италијанските медиуми се сигурни дека Ибрахимовиќ ќе продолжи со Милан со намалување на платата од 7 на 2.5 милиони евра, а за тоа се поготвени двете страни. Според „Кориере дело сера“, во Милан ветуваат дека влијанието на Швеѓанецот на младиот тим е поважно од неговата минутажа.

Scroll to Top