Top Sport

Трагичната смрт на таткото на Стив Кер мотив за страствениот говор против оружјето

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, поттикнат од личната трагедија, имаше страствен говор за посилни мерки да се ограничи насилството со оружје во САД откако 19 деца и 2 учители беа убиени во основното училиште „Роб““ во Увалде, Тексас во вторникот.

Кер, кој е роден во Бејрут, Либан, има лична причина за ваквата емотивна реакција, откако неговиот татко, Малколм Кер беше убиен од страна на шиитската терористичка организација Исламски Џихад во 1984 година, додека бил претседател на Американскиот универзитет во градот.

На прес-конференцијата по четвртиот меч о финалето на Западот против Далас маверикс, Кер одби да зборува за кошарката.

„Во последните 10 дена имавме стари црни луѓе убиени во супермаркет во Бафало, азиски верници убиени во јужна Калифорнија, а сега деца убиени во училиште. Кога ќе направиме нешто? Уморен сум! Уморен сум од стоење тука и нудење сочувство на семејствата. Уморен сум о минутите молк. Доволно! Има 50 сенатори кои одбиваат да гласаат за проверката при купување на оружје за закон кој Конгресот го донесе пред неколку години. Стои таму две години. Има само една причина за тоа, за да ја заддржат моќта. Сакам секоја личност тука да помисли на своето дете или внук, мајка или татко, сестра брат. Како ќе се чувствувавте да ви се случеше вам ова?“, изјави Кер.

Scroll to Top