Златан Ибрахимовиќ е посериозно повреден и ќе паузира барем два-три натпревари за Милан, објави „Ла газета дело спорт“, посочувајќи дека во италијанскиот клуб растат сомнежите дали да му понудат уште една година на 40-годишниот шведски ветеран.
Златан на ова одговори со видео од неговите подготовки, со кратка порака: „Трпение“! Фантастична физичка подготвеност за човек кој има 40 години.
Patience pic.twitter.com/to3TggUcar
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) February 7, 2022