Златан Ибрахимовиќ вчера влезе во последните пет минути од 2:0 победата на Милан над Торино, во прв меч по речиси два месеци, но најголемо внимание предизвика неговото загревање, кое не му падна најдобро на фитнес-тренерот на „росонерите“.
39-годишниот Ибрахимовиќ имаше толку доверба во својата физичка подготвеност откако реши да ја мафта својата нога над главата на тренерот. Иако е познат како голем љубител на ММА спортовите и како човек со неверојатна физичка подготвеност, очигледно беше дека тренерот барем делумно е исплашен.
من إحماء زلاتان ?
pic.twitter.com/cVnPgvPKK8— تركي (@zlatan_gh) January 9, 2021