Златан Ибрахимовиќ ќе го има враќањето во составот на Манчестер јунајтед пред крајот на годината, верува менаџерот на тимот, Жозе Мурињо.
Шведскиот ветеран имаше 28 гола за Јунајтед во првата сезона во англискиот фудбал, пред да се повреди во четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт во април, кога ги скина лигаментите на коленото.
36-годишниот напаѓач има импресивно опоравување, по што доби уште едногодишен договор со англискиот тим. Одличниот прогрес значи дека тој може да настапи во дуелот со ЦСКА Москва од ЛШ на 5 декември.
„Златан е тука. Работи со нас и го контролираме неговиот прогрес. Работи како што можете да очекувате – толку напорно, толку фокусирано. Ќе му оставиме да се врати кога ќе смета дека е подготвен“, вели Мурињо.
Екс-напаѓачот на „ѓаволите“, Енди Кол вели дека го очекува Швеѓанецот во акција во декември.
„Разговарав со Златан во вежбалната пред некој ден. Мислам дека тој едвај чека да се врати на теренот“, изјави Кол.