Top Sport

Вајлдер-Фјури, втор дел, на 22 февруари во Лас Вегас

ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер ќе има ри-меч со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури на 22 февруари во Лас Вегас во реприза на неверојатниот меч пред една година.

Фјури успеа да се избори за „реми“ против Американецот Вајлдер во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, а вториот меч ќе се пресели во Лас Вегас во „МГМ гранд“. Британецот некако успеа да се врати во рингот кога беше во нокдаун во последната, 12. рунда, додека Вајлдер губеше во текот на првите рунди.

Вајлдер вети дека ќе го нокаутира Фјури во ри-мечот.

„По 22 февруари нема да има неодговорени прашања. Ќе го завршам тоа што го почнав и овојпат Тајсон Фјури нема да станува од подот толку бргу. Покажав дека сум најдобриот и ќе го покажам уште еднаш во февруари“, напиша Вајлдер.

По првиот меч (по кој Вајлдер ја заддржа титулата), Американецот имаше два експлозивни нокаути во 2019, над Доминик Брезил и над Луис Ортиз, додека Фјури го нокаутираше Том Шварц и го победи на поени Швеѓанецот Ото Валин.

Scroll to Top