Златан Ибрахимовиќ има 39 години. Тоа е факт што никако не ни оди во глава, откако шведскиот ветеран го одигра својот прв цел меч по повредата и беше првата ѕвезда на Милан при 2:0 победата на гостувањето кај Каљари, покажувајќи колку е бесценет за тимот на Стефано Пиоли во неочекуваната битка за скудетото.
Ибрахимовиќ уште во седмата минута го направи своето, откако беше фаулиран во шестнаесетникот на домаќините, и сигурно го реализираше пеналот. Дека е расположен за игра, покажа во 16-тата минута, кога ја имаше следната неверојатна асистенција, како што само тој умее.
Just Ibrahimovic doing Ibrahimovic stuff at 39 ?pic.twitter.com/tmem7IK3XS
— ????? (@Ahmed94_) January 18, 2021
Ако тоа не беше доволно, во 51. минута, тој ја наттрча одбраната на противникот (да потсетиме – 39 години), и постигна уште еден убав гол за да го осигура триумфот на Милан, кој со победата повторно е на +3 од градскиот ривал Интер по 17 кола во италијанската Серија А. Каљари, пак, има лоша серија од пет порази во низа и е на 17. место со 14 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.