Top Sport

Роналдо се кае што заминал од Реал?

Според шпанскиот „АБЦ“, Кристијано Роналдо веќе се признал дека се кае што заминал од Реал Мадрид во Јувентус, најмногу поради неодамнешното освојување на шестата „Златна топка“ на неговиот вечен ривал, Лео Меси.

Португалецот, наводно на своите пријатели им кажал дека верувал дека ќе освои уште две „Златни топки“ ако останеше во „кралскиот клуб“, а наводно уште е во контакт со повеќе поранешни колеги од тимот.

На оваа приказна се надоврзува наводното незадоволство на Роналдо во Јувентус, посебно под тренерот Маурицио Сари, кој неколку пати го извади пред крајот на мечевите, зголемувајќи ги шпекулациите за незадоволство, а ниту бројките не се исти како порано – тој има само 8 гола во 17 меча оваа сезона.

Од друга страна, уште пофрустрирачки, Лео Меси покрај тоа што го помина Роналдо по бројот на „Златни топки“ (6-5), по стартот на сезоната со повреда, има 12 гола во шпанската Ла лига, со што е најдобар стрелец засега пред Карим Бензема од Реал (11).

Scroll to Top