Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е главна тема во италијанските медиуми денеска. Голем број локални портали ја пренесоа веста дека Швеѓанецот ја изневерил својата сопруга со згодната италијанска спортска новинарка и водителка, Дилета Леота.
Познатиот магазин „Oggi” открива детали кои ја шокираа Италија, иако многумина шпекулираа дека има нешто меѓу двајцата уште додека снимаа заедничка реклама пред неколку месеци.
„Ја поминале новогодишната ноќ заедно во Милано. Дружењето започнало во 21.20 и траело до 00.15 часот. Тогаш светлата се изгаснаа и веќе не се запалија“ изјавил за „Oggi” извор близок на водителката.
За потсетување, сопругата на Златан – Хелена Сегер е 11 години постара од него, немаат официјален брак, а во текот на заедничкото живеење имаат 2 деца, Максимилијан и Винсента.
Леота, пак, веќе беше во врска со спортист, со боксерот Даниел Сакрдино.
Засега нема ниту потврда, ниту демант ниту од фудбалерот, ниту, пак, од водителката.