Златан Ибрахимовиќ го има насекаде, дури и кога не игра! Легендарниот шведски фудбалер на Милан сега се најде во трејлерот за новиот филм од серијалот на Астерикс и Обеликс под име „Астерикс и Обеликс: Средното кралство“.
Во филмот, кој ќе има премиера во 2023 година, хероите првпат патуваат во Кина, и е прв во серијалот филмови кој не е базиран на стрипот и во исто време прв кој во улогата на Обеликс го нема Жерар Депардје на негово место е Жил Лелуш). Златан, пак, е во улога на римски центурион, иако деталите не се познати.
Découvrez les premières images du film #AstérixEtObélixLEmpireDuMilieu de #GuillaumeCanet ! Le 1er février 2023 au cinéma. @asterixofficiel #AstérixEtObélix #TrésorFilms pic.twitter.com/4VfPjWba4u
— Pathé Films (@PatheFilms) September 25, 2022