Лионел Меси во понеделникот шести пат ја освои Златната топка на „Франс Фудбал“. Во интервјуто што го дал потоа за „Канал плус“, Аргентинецот рекол дека е срамото што играч каков што е Садио Мане во изборот завршил на четвртото место.
Меси, официјално најдобар играч во светот за 2019 година, одговорил на прашањето на новинарот кој според него бил најдобар оваа година?
„Јас би го избрал Садио Мане. Срамота е што тој заврши на четвртото место“, рекол Аргентинецот и дополнил.
„Верувам дека е тешко да се избере бидејќи сите се добри на свој начин. Јас веројатно би гласал за Мане. Ми се допаѓа таков тип на играч“.
Меси во интервјуто истакнал дека луѓето не би требало да ја гледаат неговата игра според бројот на постигнати голови.
„Јас сум креатор, не сум стрелец“.
Лионел Меси досега во кариерата одиграл 701 натпревар за Барселона, постигнал 614 голови.