Лука Јовиќ е често тема во шпанските медиуми. Напаѓачот оваа сезона не ги оправда вложените 60 милиони евра. Досега во сезоната на 24 натпревари Јовиќ постигнал два гола и забележал две асистенции.
„Мундо Депортиво“ открива дека покрај Реал, сериозно за српскиот репрезентативец биле заинтересирани и челниците на Барселона.
Барселона минатата сезона внимателно го следеле Јовиќ и неговите настапи во дресот на Ајнтрахт Фракфурт.
„Никој не се сомневаше во неговиот квалитет, проценија дека неговиот профил не одговара на стилот на играта што го негува Барселона“, објаснил аналитичарот на „Мундо Депортиво“ Фернандо Поло.
Барселона дефинитивно се откажала од трката по Јовиќ на 14 март 2019 година по победата на Ајтрахт над Интер 1:0 во Лига Европа. Единствениот гол на мечот го постигнал Јовиќ.
На тој меч биле клучните луѓе од спортскиот сектор: Ерик Абидал, Пеп Сегура и Рамон Планес. Тие оцениле дека е премногу статичен.
„То добро се движел но целосно бил фокусиран на завршницата, не и на акциите“.
На крајот и цената не била таа која Барселона имала намера да ја плати, сметале дека Ајнтрахт бара премногу пари за Јовиќ.