Top Sport

Зошто Гризман ја бојкотираше химната на ЛШ? (видео)

Антоан Гризман очигледно им е многу лут на УЕФА, откако фудбалерот на Атлетико Мадрид реши при изведувањето на химната на Лигата на шампионите пред мечот со Јувентус да сврти грб на камерата.

Наместо како сите фудбалери кои гледаа напред, Гризман се сврте кон своите навивачи, а причината за тоа е што УЕФА не го смести ниту меѓу најдобрите тројца фудбалери во изборот за 2018 и покрај тоа што тој со Франција ја освои светската титула, а со Атлетико триумфираше во Лига Европа, а интересно е дека тој не доби награда ниту од „Франс фудбал“, односно му „пропадна“ и „Златната топка“, која отиде кај Лука Модриќ од омразениот Реал Мадрид

„Кога ми кажаа дека Лука Модриќ ја доби наградата не сакав да останам таму. Што треба да направам за да освојам ’Златна топка’?“, се прашуваше тогаш Гризман.

Scroll to Top