Top Sport

Агаси: Не жалам за работата со Новак, тој ќе ги сруши сите рекорди

Осумкратниот гренд слем шампион Андре Агаси вели дека направил доволно да го „протресе кафезот“ за Новак Ѓоковиќ да почне да игра подобро.

Агаси беше заеднички тренер на Србинот покрај Радек Штепанек помалку од една година помеѓу 2017 и 2018 и минатиот март нивното партнерство заврши поради низа несогласувања во моменти кога Ѓоковиќ се враќаше на терените по сериозната повреда на лактот.

„Не, воошто не жалам, дури сум среќен. Му помогнав колку што можам бидејќи тенисот го заслужува тоа. Никогаш не се сомневав во тоа што тој може да го направи. Но, тогаш тој не беше здрав два дена во низа со својот лакт и мораше да оздрави. За разлика од мене кога играв, тој го сака тенисот, саска да игра и да трча и да се натпреварува“, вели Агаси.

По неговото заминување, Ѓоковиќ се врати со стариот ментор Маријан Вајда и освои три гренд слем титули во низа, два Мастерс 1000 турнири и се врати на првото место. Агаси вели дека сите рекорди ќе бидат во рацете на Србинот, ако тој тоа го посака.

„Јас сум од Лас Вегас, така што треба да се обложам нели? Би се обложил дека ќе има барем уште три години по две гренд слем титули за да го помине Роџер Федерер на 20. Да, сега има деца и поинакви приоритети во животот, но ако тој го посака тоа, тогаш нема да има проблем“, додава Агаси.

Scroll to Top