Top Sport

„Зошто не игра Езил? Има подобри од него“

Месут Езил нема иднина во тимот на Арсенал. Оваа сезона речиси и да не игра, а менаџерот Унаи Емери го има вистинскиот одговор зошто е тоа така.

„Мислам дека секогаш ги избирам најдобрите играчи во тимот за секој натпревар, бидејќи знам дека тие ќе ни помогнат да направиме добар резултат“, рекол Емери и дополнил.

„Кога Езил не е во тимот тоа значи дека мислам дека некој друг играч тоа повеќе го заслужил.

Арсенал синоќа го победија Стандард 4-0 во Лига Европа, а Езил не беше во тимот.

Scroll to Top