Top Sport

Зошто Роналдо се откажа од „Сиу“ прославата за својот 700. гол?

Кристијано Роналдо ја „скрши“ својата традиција откако го постигна својот јубилеен 700. гол во клупската кариера, постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 против Евертон, откако не прослави со својата препознатлива „Сиу“ прослава, туку ги затвори очите, и стоеше со вркрстени прсти пред градите.

dobivaj vesti na viber

Навивачите на CR7 имаа повеќе теории зошто се сменила прославата, и дел од нив сметаа дека се работи за порака за менаџерот Ерик Тен Хаг. Но, на официјалниот веб-сајт на Манчестер јунајтед имаше интересно објаснување.

„Можеме да откриеме дека прославата на Роналдо беше шега на негова сопствена сметка со неговите соиграчи, со што се покажува врската која се создаде во тимот на Ерик Тен Хаг. Секако, Кристијано е познат по тоа што знае како да се грижи за себе и секогаш е во најдобра можна форма, што значи дека има часови напорна работа на тренинзите и во теретаната. Тоа исто така вклучува и одмор во вистински момент, како и доволно сон. Прославата на CR7 против Евертон беше забавно потсетување на позицијата во која спие додека е со тимот, што не помина незабележано кај неговите соиграчи“, објаснуват од клубот.

Scroll to Top