Мерсисајд дербито честопати носело контроверзни резултати, бурни ситуации, мечеви на граница на инцидент, така што не изненадува што и при денешната 2:0 победа на Ливерпул над Евертон имаше такви моменти.
Но, на среќа на Садио Мане и на Ришарлисон, судијата Мајкл Оливер беше „мек“ и двајцата завршија само со жолти картони по неспортските реакции.
Мане во првото полувреме влезе во дуел со дефанзивецот на Евертон, Алан и се обиде да му пикне прст во око, по што доби само жолт картон, а Јирген Клоп го извади во игра во 60. минута, по што „црвените“ дадоа два гола.
Ришарлисон, пак, исфрустриран од борбата со Џордан Хендерсон, кога беше на тревата буквално се обиде да му го скрши коленото на ривалот. И тој помина само со жолт картон.
TWICE!! HE DID IT TWICE! EXHIBIT A IS ON HOLGATE AND EXHIBIT B IS ALLAN. AT TGE VERY LEAST THAT IS 2 YELLOW CARDS. VAR NOWHERE TO BE FUCKING SEEN. pic.twitter.com/DIvwQUZRda
— JJ (@J_Jacobs32) April 24, 2022