Top Sport

Данска со фантастичен пресврт до клучна победа над Унгарија

Данска ги заддржа своите шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, откако во најдобриот меч досега на шампионатот стигна до пресврт-победа од 29:27 (14:12) над Унгарија.

Во Љубљана, првото полувреме беше екстремно израмнето и првото водство од два гола предност дојде во финишот на полувремето, кога Данска поведе со 13:11. Израмнетата борба продолжи и во второто полувреме, за на 12 минути пред крајот да биде израмнето (20:20), за потоа Унгарките под водство на Катрин Клујбер да дојде до 25:23 водство. Оваа предност се „стопи“ во финишот за на крајот Данска да стигне до важната победа.

Ема Фрис беше најефикасна со 7 постигнати гола за Данска, додек Клујбер постигна осум гола за Унгарките, кои речиси сигурно ги загубија шансите за полуфинале.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top