Top Sport

Зума остана без двете мачки, му се заканува четири години затвор во Франција

Кралската заедница за заштита од суровост кон животните (РСПЦА) му ги одзеде двете мачки на фудбалерот на Вест хем, Курт Зума, откако тој предизвика скандал со снимките на кои ги шутира животните.

РСПЦА потврди дека двете мачки од домот на францускиот фудбалер се одземени, додека трае истрагата во Британија, но и во неговата татковина Франција, каде што казна за суровост кон животните може да ве однесе четири години зад решетки. Фондацијата „30 милиони пријатели“ (La Fondation 30 Millions d’Amis) веќе ги контактирала француските обвинители, бидејќи според француските закони граѓанин може да биде обвинет за криминални дела кои ги направил во странство.

27-годишниот Зума се извини по инцидентот, и зачудувачки беше стартер на вчерашниот меч на Вест хем, кога навивачите постојано го свиркаа. Полицијата во Есекс потврди дека има петиција потпишана од 150.000 луѓе кои бараат да се покрене обвинение.

Вест хем официјално го осудија Курт Зума по видеото со малтретирањето на мачката

Scroll to Top